Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Специјалист за грижа на корисници во подружница Гостивар.
Специјалист за грижа на корисници во подружница Гостивар
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
- Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
- Анализа на ризик и одобрување на кредити
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата
- Работа со готовина
- На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници
- Релевантно искуство од најмалку 1 година
- Познавање на англиски јазик
- Вештини за преговарање и убедување
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Флексибилност за работа од понеделник до недела
- Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
ТИГО ФАЈНАНС обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, религија или убедување.