Vrabotuvanje.com - Работни позиции во Костал - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Работни позиции во Костал

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group


КОСТАЛ Македонија, Охрид Ве охрабрува 
ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВРЕМЕТО ДА ГО ОСВЕЖИТЕ ВАШЕТО CV И АПЛИЦИРАЈТЕ
 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Од фабриката на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА во Охрид во моментов ги снабдуваме БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла, Ауди, Ролс Ројс,  Фолксваген, Сеат и Шкода, а набргу и Јагуар и Ленд Ровер.
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот?
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од профили на специјалисти со завршена:
  • ССС -  Електро и Машински техничари;
  • ВСС – Инженерство, Логистика, Економија, ПМФ - Математика, ИТ;
за вработување како: 
1. Инженери за планирање на производство 
2. Планери за производство, суровини и продажба 
3. Инженери за Квалитет
4. Процесни Инженери
5. Техничари за машинско и електро одржување
6. Техничари за квалитет и анализа
7. SМТ и Тест техничари
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета професионална биографија “CV” со назнака за соодветната позиција за која аплицирате, преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
Краен рок за пријавување: 15. Мај,2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде