Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Макстил
Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
Во моментов, во рамки на нашиот тим отворено е следното работно место:
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР / БРАВАР
10 (десет) извршители
Опис на работно место:
Извршување на активности од машинско одржување како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност:
Извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од машински аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.
Работни услови:
Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции.
Основни квалификации на кандидатите:
IV степен на стручна подготовка, машински техничар за 5 извшители;
III степен на стручна подготовка – машинска струка за 5 извршители;
Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително;
Искуство со заварување и користење вилушкари ќе се сметаат за предност.
Дополнителни квалификации на кандидатите:
Способност и желба за тимска работа;
Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
Самоиницијативност и посветеност;
Совесност за безбедност при работа;
Способност за работа под притисок и со рокови.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, или по пошта: Макстил АД Скопје, Сектор за човечки ресурси, ул. 16-та Македонска бригада бр. 18, Скопје, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 16.04.2020.
Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!