КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти.
Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Процес инженер/Process Engineer
Работни задачи и одговорности:
- Одговорен за дизајнирање, спроведување, контрола и оптимизирање на индустрискиот процес за кој е задолжен
- Ја мониторира опремата, вклучително и нејзиното редовно тестирање и одржување;
- Врши надзор над процесите и оптимизацијата на производната линија
- Асистира во одлучувањето за набавка на нова опрема, машини и алати
- Асистира при инсталирање на нова опрема
- Врши постојана евалуација на опремата, алатите и машините, со цел одржување на ефикасноста и квалитетот на производниот процес
Образование, искуство, вештини:
- ВСС од машинска струка
- Најмалку 3-годишно искуство во производна средина, пожелно на работи и задачи како Процесен инженер
- Работа со (SPC, ISHIKAWA, 5 Why, Six Sigma)
- Познавање на OEE
- Искуство со Cost reduction
- Способност за решавање на проблеми
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);
- Познавање на AutoCAD или слични софтвери ке смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Процес инженер во производство (Process Engineer Manifacturing)" преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Краен рок за пријавување: 15 Мај, 2020