Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.
Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Бизнис аналитичар.
Примарната цел на бизнис аналитичар е преку соодветни анализи потребите на клиентите да ги претворат во нови продукти, услуги и профити за компанијата. Бизнис аналитичарите играат клучна улога во продуктивноста, ефикасноста и профитабилноста на компанијата.
Опис на работни задачи:
- Ад хок анализи;
- Анализа и документирање на потребите на корисниците на услугите;
- Соработка со маркетинг менаџер, изработка на кампањи за постигнување на посакувани резултати;
- Управување со промени на договорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат исполнети;
- Подготовка на извештаи и анализи за портфолиото на клиенти;
- Креирање на нови и иновативни начини за следење и анализа на процесите на работа;
- Тесна соработка со менџерите и ИТ оддел за да се обезбедат најдобри резултати;
- Исполнување на проектни активности според дефинирани проектни задачи;
- Дефинирање на задачи за извршување;
- Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи;
- Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби;
- Подготовка на Извештаи за статус на проект;
- Поддршка на клиенти и одржување на имплементиран систем;
- Подготвување на технички извештаи со собирање, анализирање и сумирање на информации и трендови;
- Дневни, неделни и месечни прегледи и анализи на тековните процеси користејќи оперативни метрика и извештаи.
Потребни квалификации:
- Високо образование;
- Минимум 1 година работно искуство во областа;
- Работа со компјутери (Word, Excel, Outlook…);
- Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на корпоративен менаџмент;
- Напредно познавање на бизнис процеси.
Очекувани способности и вештини:
- Одлични аналитички вештини;
- Напредни комуникациски вештини;
- Напредни вештини за пишување;
- Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време;
- Основно ниво на техничко знаење;
- Способност за тимска работа;
- Посветеност.
Ние нудиме:
- Компетитивна плата;
- Пријателска работна атмосфера;
- Динамична и одговорна работа со постојан раст;
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа.
Испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.