Vrabotuvanje.com - Придружи му се на тимот како Инженер на тренинг - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Придружи му се на тимот како Инженер на тренинг

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group


Започни ја својата кариера во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Придружи му се на тимот како Инженер на тренинг
 
 
КОСТАЛ Македонија, е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
 
Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност за почеток на вашата кариера во автомобилската индустрија?
 
Од успешното започнување со работа на фабриката во Охрид, па се до денес, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е отворен за соработка со студенти од техничките факултети, кои ќе се приклучат на тимовите во нашата Компанија.  
 
Ние поттикнуваме средина за учење која помага да се подготвите и да напредувате во индустријата за производство на автомобилски компоненти. 
 
Нашата програма за менторство ги поврзува инженерите на тренинг со искусните членови на тимот за да ви помогне да ги развиeте вашите професионални вештини и полесно да ги достигнете поставените кариерни цели.
 

Кој може да аплицира:
  • Електро и Машински Инженери или со соодветно друго високо техничко образование, дипломирани во 2019 или 2020 година.
  • Напредно познавање на MS Office
  • Одлично познавање на Англиски јазик (чита, говори, пишува). Познавањето на Германски јазик ќе се смета за предност
 
Што нудиме:
  • Основна месечна нето плата до 400 евра, во денарска противвредност
  • Платено сместување – стан, во првите 6 месеци. 
  • Превоз од Охрид / Струга до КОСТАЛ Македонија, и обратно
  • Исхрана во фабричката кантина
 
КОСТАЛ Македонија нуди пријатна работна средина во брзорастечка компанија која се придржува до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики. 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со наведување "Инжинер на тренинг" во насловот на пораката, и тоа преку преку полето Брза Апликација.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 01/06/2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде