Vrabotuvanje.com - Биди дел од студентската програма на костал - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Биди дел од студентската програма на костал

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group


ПОМИНИ ГО ЛЕТОТО ВО ОХРИД! 
БИДИ ДЕЛ ОД СТУДЕНТСКАТА ПРОГРАМА НА КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
 
 
КОСТАЛ Македонија, е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Со задоволство ја објавуваме нашата Програма за летна практикантска работа.
 
Ние поттикнуваме средина за учење која помага да се подготвите и да напредувате во индустријата за производство на автомобилски компоненти. Нашата програма за менторство ги поврзува практикантите со искусни членови на тимот за да ви помогне да ги развиeте вашите професионални вештини и полесно да ги достигнете поставените кариерни цели.
 
Бараме проактивни, посветени и искрени млади луѓе, кои ќе ги споделат своите мислења, идеи и прашања, за да создадат култура на повратни информации, образование и континуирано учење и развој.
 

Кој може да аплицира?
Тековни студенти, од трета и четврта година, од:
  • Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), 
  • Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) 
  • Машинскиот факултет 
 
Кога да ни се придружите?
Ова е можност за време на летните одмори, почнувајќи од 1 јули 2020 година до 31 август 2020 (9 недели по ред). Студентите од Охридско-Струшкиот регион имаат можност да започнат на 17 јуни 2020 година до 31 август 2020 година (11 недели по ред)
 
 
Што нудиме?
  • Месечна компензација за практикантска работа од 200 евра во денарска противвредност. 
  • Платено сместување за време на програмата за практична работа. 
  • Превоз од Охрид / Струга до КОСТАЛ Македонија и обратно. 
  • Топол оброк во просториите на фабриката. 
  • 8 работни часови дневно со пауза од 30 минути
  • Врз основа на вашата работа како летен практикант, имате можност за квалификација во Програмата за стипендија за академската година 2020/2021. 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик, со наведување "ЗА ЛЕТНА ПРАКСА” во насловот на пораката, и тоа преку преку полето Брза Апликација.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати за студентстка програма ќе бидат повикани на интервју.

 
Краен рок за пријавување: 01/06/2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде