Пнеуматик е дел од групацијата ТДА Трејд основана уште во 1991 година како увозник и дистрибутер на пневматици (гуми) за сите видови на возила. Во изминативе 29 години постоење, компанијата е постојано рангирана во 200-те најуспешни субјекти во Македонија.
Денес, располага со вкупно четири сопствени салони во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово, како и дистрибутерска мрежа низ целата држава. Официјален застапник е за гуми од брендовите GoodYear, Dunlop, Michelin, Cooper Tires, Kelly, Nankang, Sava, Pirelli, Fulda, Tigar, BKT, Sailun и други брендови за патнички возила, моторцикли, како и специфична земјоделска и индустриска механизација.
Пнеуматик вработува!
Поради постојано проширување на дејноста и услужно-продажните капацитети во Скопје и низ целата држава, Пнеуматик е во постојана потрага по нови членови на тимот.
МАГАЦИОНЕР / ДИСТРИБУТЕР
Квалификации за Магационер:
- Минимум завршено средно образование;
- Работно искуство 2 години;
- Солидни компјутерски способности;
- Сериозност и професионалност во извршување на обврските;
- Пожелно е претходно работно искуство во магацин.
Квалификации за Дистрибутер:
- Минимум завршено средно образование;
- Возачка категорија Б и/или Ц;
- Работно искуство 2 години;
- Сериозност и професионалност во извршување на обврските;
- Пожелно е претходно работно искуство во магацин.
Личен профил:
- Комуникативни, мотивирани личности со позитивен став;
- Самоиницијативност при извршување на работни задачи;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност.
Локација: главен магацин Визбегово
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават своја биографија (CV) со скорешна фотографија и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација најдоцна до недела, 15.05.2020 година. Апликациите мора да содржат назнака за која работна позиција се однесува.
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат за новоотворените работни места. Телефонските јавувања нема да бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе бидат повикани на разговор ќе бидат лично контактирани.