Vrabotuvanje.com - Планер на производство (Production Planner) - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Планер на производство (Production Planner)

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:

Планер на производство (Production Planner)
 

Работни задачи и одговорности:

  • Инженерот за планирање на производство е задолжен за развојот на производот и започнување на проектот;
  • Обезбедува беспрекорно планирање во однос на новите и веќе постоечки производи и процеси, со што ќе се управуваат и намалуваат ризиците на проектот во сите фази на производство;
  • Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производот и производството, обезбедуваќи усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на самиот производ;
  • Директно соработува со раководителот на проектот и тимот на инженери, со цел да се исполнат сите релевантни фази од проектот сè додека не се изврши предавањето на сериско производство;
  • Дава целокупна поддршка во сериска фаза на проектот доколку има какви било промени во текот на производството.

Образование, искуство, вештини :

  • ВСС од мехатроничка струка; 
  • Најмалку 2 годишно работно искуство во управување со проекти ќе се смета за предност;
  • Искуство со анализа на причините и управување на ризик во целиот животен циклус на производот;
  • Способност за работа со технички цртежи;
  • Способност за забележување на детали и вештини за решавање проблеми; 
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook); 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Планер на производство (Production Planner)" преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријавување: 07ми Јуни,2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде