Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
AUTOMAKEDONIJA
Аутомакедонија e основана во далечната 1946 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност.
Седум децении подоцна, Аутомакедонија сеуште ја негува својата богата традиција и на македонскиот пазар функцонира како комплетно приватизирано, акционерско друштво посветено главно на автомобилскиот бизнис.
Аутомакедонија има заокружена инфраструктура (изложбено продажни салони и сервисни центри), најмодерна опрема за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила и високопрофесионален тим, кои имаат задача на својата богата листа на клиенти да им обезбедат комплетна услуга за нивното возило.
Квалитетот на работењето на Аутомакедонија е еден од основните фокуси на компанијата. Тоа го потврдуваaт и реномираните странски компании, кои неколку години по ред го сертифицираат системот за менаџмент на квалитетот (QMS) на Аутомакедонија согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008, а за општествената одговорност и почитувањето на еколошките стандарди во работата сведочи сертифицираниот систем за заштита на средината според меѓународните стандарди ISO 14001.
Аутомакедонија има потреба од следната работна позиција:
РАКОВОДИТЕЛ НА СЕРВИСНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА И ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА
Опис на работна позиција:
Дијагностика, сервис и набавка на резервни делови за земјоделска и градезна механизација во сервисниот центар на Аутомакедонија;
Директна комуникација со странски добавувачи.
Потребни квалификации:
Како предност ќе се смета завршено високо образование (Машински Факултет);
Како предност ќе се смета претходно работно искуство;
Познавање на англиски јазик;
Работа со компјутери.
Очекувани способности и вештини:
Вредна и одговорна личност;
Флексибилност, посветеност, лојалност;
Динамични, иницијативни, темелни;
Позитивен став.
Доколку ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија преку полето Брза Апликација!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!