КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:
Лидер на оддел за вбризгување на пластика (Department Leader in Injection Мolding)
Работни задачи и одговорности:
- Лидерот на одделот е одговорен за целиот процес на производство во областа на вбризгување на пластика;
- Се грижи за планирање, организација, обука, развој и супервизија на персоналот заради постигнување на планот за производство на Одделот;
- Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производството во Одделот;
- Одговорен е за следење и исполнување на клучните индикатори на успешноста (KPI) на Одделот;
- Обезбедува усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на производите;
- Одговорен е за планирање и исполнување на буџетот на Одделот.
- Одговорен е за координација и комуникација на Одделот со другите оддели и области во Друштвото, заради завршување на разновидни и комплексни работни задачи
Образование, искуство, вештини :
- ВСС од Машинска струка;
- Познавање на процесот на вбризгување на пластика (термопластични процеси)
- Познавање на машини за вбризгување на пластика (Engel, Arburg… )
- Најмалку 3 годишно работно искуство во водење и управување на производство;
- Одлични организациски и комуникациски способности;
- Познавање на работа со технички цртежи;
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point, Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Подготвеност за подолг престој во странство, поврзан со обука.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Лидер на оддел за вбризгување на пластика (Department Leader - Injection molding)" преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Краен рок за пријавување: 21 Јуни, 2020