Vrabotuvanje.com - ЦНЦ Техничар/ Инженер (CNC Technician/CNC Engineer) - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

ЦНЦ Техничар/ Инженер (CNC Technician/CNC Engineer)

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:

ЦНЦ Техничар/ Инженер (CNC Technician/CNC Engineer)
 

Работни задачи и одговорности:

  • ЦНЦ техничарот/ Инженерот репортира до менаџерот за одржување;
  • Врши изработка за барани дизајни;
  • Сетира, одржува и ракува со ЦНЦ машините;
  • Прави  програми за ЦНЦ (машини за мелење и EDM) ;  
  • Работи во CAD програм и прави проверка на зададени параметри согласно барањата од производството.

Образование, искуство, вештини :

  • ССС или ВСС од Машинска струка;
  • 3 годишно искуство во работа со ЦНЦ машини и машина за мелење EDM;
  • Искуство во програмирање машини за ЦНЦ;
  • Познавање на програми за контрола на ЦНЦ машини, ќе се смета за предност;
  • Познавање во софтверот Catia 3D Design;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "ЦНЦТехничар/ Инженер" преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријавување: 26.06.2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде