КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:
Алатничар
Работни задачи и одговорности:
- Врши превентивно/предиктивно одржување;
- Поправка и контрола на алатите за вбризгување на пластика и контролирање на извршено одржување;
- Дијагностицирање на проблемите на алатите за вбризгивање на пластика и изнаоѓа понатамошни решенија за избегнување на идни проблеми (прилагодување, замена или поправка на делови од алатот).
Образование, искуство, вештини :
- ССС машинска струка;
- +2 годишно искуство како алатничар;
- Способност за користење на електричен и машински рачен алат;
- Дијагностицирање на проблеми со опрема, замена на соодветни делови и нивно тестирање;
- Познавање на Microsoft Office производи;
- Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Работа во смени.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Алатничар" преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Краен рок за пријавување: 26.06.2020