Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
Администратор - секретарка
- Професионален однос кон работа и клиенти
- љубезност, комуникативност и енергичност
- Организираност, прецизност и точност во работењето
- Силни вербални и пишани комуникациски вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Деловна е-маил кореспонденција
- Телефонска кореспонденција со странки
- Прием и прераспределба на повици кај соодветни сектори / лица
- Прием и испраќање на пошта
- Евиденција, архивирање на документи и водење општи административни работи
- Припрема на пратки со документација
- Набавка на канцелариски материјали
- Образование - ССС
- Пожелно е претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Солидно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работа на компјутер
- Место на живеење – Скопје
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработено
- Службен телефон
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч;
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk