Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
РАКОВОДИТЕЛ-КА НА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР - ГОСТИВАР
Локација: Гостивар
Оддел: Продажба
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 18.07.2020
Одговорности како Раководител на продажен центар :
Управување со продажен центар :
- Гарантира ефикасно управување со продажниот центар и остварување на поставените цели и резултати во продажбата и дистрибуцијата.
- Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учеството во пазарниот сегмент.
- Прави проверка на залиха на лагер во продажниот центар и во соработка со сектотр логистика (набавка, централни магацини и дистрибуција) обезбедува потребни количини за продажба и дистрибуција.
Управување и водење на продажната сила:
- Ги води и насочува вработените во продажниот центар во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба.
- Ги координира и контролира активностите на продажната сила за реализација на дневните рут планови
- На дневна основа ги задолжува и раздолжува вработените во продажбата со трговски стоки и готовински средства.
- Редовно ја следи и оценува работата на вработените во продажниот центар со цел да ги зголемува нивните перформанси и резултати.
Управување со готовински средства, надзор и контрола:
- Гарантира правилно и наменско ракување со готовински средства на компанијата по основ на денарски уплати и исплати кои се евидентираат преку благајната.
- Врши контрола на финансиските индикатори на продажниот центар и на наплатата.
- Врши контрола на локалната дистрибуција и го контролира остварувањето на поставените цели.
- Постојано ја контролира продажбата и го известува претпоставениот за текот и резултатите.
- Врши редовен попис еднаш месечно и учествува во вонредни пописи.
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Имате одлични преговарачки вештини
- Поседувате организациски и менаџерски способности
- Сакате работа во динамична средина
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна
http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна : http://eurotabak.com.mk/kariera/ и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 18.07.2020