Vrabotuvanje.com - Администратор за ИТ и поддршка - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор за ИТ и поддршка

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

                                  


Поради проширување на тимот имаме потреба од: 

Администратор за ИТ и поддршка 
​​

КРАТОК ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одржување на компјутерската и мрежната инфраструктура во компанијата, серверите и безбедносните системи на компанијата (локално и далечински на продажните места);
  • Инсталација, одржување и редовна надградба на оперативните системи и друг софтвер кој го користи компанијата за своето работење;
  • Редовен бекап на податоци и нивно безбедно складирање и заштита;
  • Дефинирање на софтверски, хардверски и мрежни барања, нивно планирање, набавка и имплементација на нови системи кога е потребно;
  • Развивање на договорени решенија и имплементација на нови системи кога е потребно;
  • Разбирање на работните практики на компанијата, природата на бизнисот и континуирана рабоота преку предлози и сугестии за поефикасно извршување на работните процеси поврзани со ИТ;
  • Претставување решенија преку писмени и/или усни извештаи;
  • Врска со персоналот на сите нивоа на организација, анализирање на барањата за ИТ во рамките на компанијата и давање независни и објективни совети за употреба на ИТ;
  • Помагање на колегите во активности за управување со промени и организирање на кратки обуки за колегите за користење на ИТ системите за работа;
  • Одржување на контакт со добавувачи на опрема и софтвер со цел набавка или сервис на опрема и имплементација на промени кај софтвер. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Задолжително работно искуство од 3-5 години;
  • Завршено високо образование или соодветно неформално образование од областа на ИТ Администрација и компјутерски мрежи;
  • Познавање/искуство во работа со Windows Server, Linux и VMware;
  • Познавање/искуство во работа со конфигурирање и одржување на компјутерски мрежи, системи за надзор, системи за евиденција на работно време, вклучително и далечински пристап преку VPN;
  • Одлични логички, аналитички и вештини за решавање на проблеми;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Посветеност и одговорност кон задолженијата и работата;
  • Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа;
  • Желба за понатамошно учење и развој;
  • Совесност, одговорност, самомотивираност и иницијативност за самостојно истражување;
  • Желба и способност за работа во тим.


Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV преку полето

"Брза Апликација".

Рок на апликација 10 дена од датата на објавата. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде