Vrabotuvanje.com - СМТ Техничар - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
СМТ Техничар (SMT Technician)

 
Работни задачи и одговорности 
  • Планирање и извршување на сите нивоа на превентивно и предиктивно одржување;
  • Решавање на секојдневни проблеми со функционалноста на опремата;
  • Изнаоѓање на решенија за минимизирање на времето на застој;
  • Развивање на решенија за да се намали повторната појава на проблеми со машините;
  • Дефинирање и управување со резервни и потрошни делови, како и контрола на процесите во поглед на постоечка како и новата опрема.
 
Образование, искуство, вештини 
  • ССС или ВСС електроника и мехатроника; 
  • Искуството со СМТопрема ќе се смета за предност;
  • Познавање на електричните шеми;
  • Развиени способности за решавање на приблеми на опремата;
  • Аналитички вештини;
  • Познавање на SAP или други MES системи ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office, E-Mail - Outlook апликациите;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Позицијата подразбира  работа во смени.
 
Енергетската електроника е нова дејност за КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА и релативно нова дејност во KOSTAL групацијата. За позицијата ќе биде обезбеден соодветен тренинг, со цел да се стекне потребното  знаење и искуство.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "СМТ Техничар" преку полето Брза Апликација
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

Краен рок за пријавување: 08.07.2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде