- Идентификување на можности за заштеда, нивна реализација во согласност со поставените таргети на КОСТАЛ групацијата како и евиденција на заштедите на месечно ниво во системите на КОСТАЛ.
- Одговорност за селекција на стратешки добавувачи во полето на мехатроника за сите КОСТАЛ фабрики во Европа, со акцент на кабелски сетови, конектори и кабли. Селектираното портфолио на добавувачи треба во целост да ги покрива потребите на Европските фабрики, како и потребите за идни технологии и проекти.
- Годишни преговори со стратешките добавувачи во Европа за остварување на таргетите за заштеди на ниво на Групација КОСТАЛ.
- Преговарање во однос на условите во стандардните договори на КОСТАЛ групацијата (Warranty Agreement, Terms and Conditions, Logistics and Quality guidelines) како и преговарање на цените како дел од долгогодишните договори за набавки на директни материјали со нови и постоечки добавувачи во согласност со валидните упатства во КОСТАЛ групацијата
- Селекција на добавувачи на директни материјали и компоненти според правилата и процедурите на КОСТАЛ групацијата
- Изработка на “cost break down” анализа за негативните промени на цените и репортирање на резултатите од таквата анализа до Менаџерот за набавки.
- Проверка на блокирани фактури во SAP, утврдување на причините и обезбедување на книжно одoбрение од страна на добавувачот, со цел навремено плаќање на истите на добавувачите.
- Проактивно учество во проектните тимови за промена или иплементација на нови директни материјали, со цел материјалите да бидат навремено набавени според временската линија во проектот со минимален ризик и трошоци на застареност од постоечкото портфолио на одобрени добавувачи.
- Активна соработка со одделението за квалитет на добавувачи при оценка на постоечките и потенцијални добавувачи и нивните системи за квалитет осигурувајќи дека истите се способни да го обезбедат нивото на квалитет на материјалите кои ги испорачуваат до КОСТАЛ.
- Изготвување на краторочни и долгорочни планови за директни материјали на фабриката како и следење на реализацијата во однос на план.
- Изготвување на анализа за ризици за добавувачите според валидните инструкции во КОСТАЛ групацијата.
- Следeње и идентификување на можности за подобрување на перформасите на добавувачите за директни материјали во согласност со IATF 16949 и ISO 14001 стандардите за квалитет како и подготовка на планови со корективни мерки за развој на добавувачите, доколку е потребно.
- Изготвување на нарачки и рамковни нарачки за потребните материјали во согласност со “Purchasing Terms & Conditions”
- Поддршка на сите засегнати одделенија во случај на проблеми при испорака на материјали и обезбедување на соодветна реакција од страна на добавувачот во дадената критична ситуација.
- ВСС од техничките науки или економски науки
- Најмалку 3 години искуство во набавки на директни материјали преферирано во автомобилска или слична индустрија, со широка мрежа на добавувачи на директни материјали од целиот свет. Искуство во набавка на електромеханички материјали ќе се смета за предност.
- Напредно работење во SAP MM Module ќе се смета за предност
- Искуство со комплексни ценовни преговори и анализи на трошоци
- Искуство со комплексни системи за снабдување и логистика ќе се смета за предност
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Најмалку 2 годишно работно искуство во управување со проекти ќе се смета за предност;
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
Краен рок за пријавување: 17.07.2020