Локација: Скопје
Договор: Определено
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 25.09.2020
Број на позиции: 1
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот и на брендовите и артиклите на компанијата на продажните места со цел да придонесе за зголемување на продажбата.
Еуротабак има потреба од Теренски комерцијален референт - HELL
Одговорности како Теренски комерцијален референт (ТКР):
- Продажба и наплата преку следење на рут планови
- Развој на продажбата
- Преговарање и договарање со купувачи
- Управување со документација
Ако сметате дека :
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
- Ако гарантирате добро управување со возилото на пат, почитувајќи ги доследно прописите за безбедност во сообраќајот
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
За возврат Еуро Табак нуди :
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа