Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ПУЦКО ПЕТРОЛ увоз-извоз ДООЕЛ
Пуцко Петрол е компанија основана во 1999 година, чија основна деловна активност е трговија на нафтени деривати. Нашата визија е да бидеме нафтена компанија која ќе ги задоволи сите потреби и желби на потрошувачите на економичен, безбеден и еколошки начин.
ПУЦКО ПЕТРОЛ
објавува оглас за вработување на работна позиција:
АДМИНИСТРАТОР
Услови за конкурирање на огласот се:
Минимум ССС;
Претходно работно искуство;
Познавање на Microsoft Office пакет;
Познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност;
Комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, способност за тимска работа.
Потребни документи за аплицирање:
Кратка биографија (CV) со слика;
Мотивационо писмо;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од дипломи и уверенија за завршени курсеви (доколку ги има);
Препораки од претходни работодавачи (доколку ги има).
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно ги поседувате потребните квалификации, испратете ги наведените документи.
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Апликациите се доставуваат преку полето Брза Апликација во рок од 14 дена.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!