Vrabotuvanje.com - ИТ Техничар/ИТ Инженер - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

ИТ Техничар/ИТ Инженер

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
Откако компанијата КОСТАЛ беше основана во 1912 година во Луденшајд, Германија, воведовме иновации во комбинација со бескомпромисен квалитет. Преку овој пристап, поминавме долг пат во последните 100 години. Денес сме еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Со нашиот најнов објект во Охрид, Македонија лоцирани сме во вкупно  21 земја каде што работиме со повеќе од 20.000 вработени кои ги снабдуваат сите поголеми производители на автомобили на 5 континенти. Погонот во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас како што е за нас дека работите континуирано напредуваат - технологијата околу вашите лични вештини, вашите можности за кариера и баланс во вашиот работен живот и задоволството од работата? Со нас, можете да направите разлика во сите овие области.
 
Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?
 
По успешното започнување со работа на фабриката во Охрид, КОСТАЛ е отворен за соработка и има потреба од ИТ Техничар или ИТ Инженер кој ќе се приклучи на нашиот ИТ тим
 
ИТ Техничар/ИТ Инженер ќе одговара дирекно на ИТ Менаџерот и ќе биде одговорен за разрешување на техничките проблеми поврзани со ИТ опремата и системите покривајќи повеќе области. Како дел од ИТ тимот во КОСТАЛ  Македонија, ќе биде потребно да демонстрирате работа со кратки рокови, а истовремено да се приспособите на брзите промени што се резултат на потребите на компанијата. 
 
Идеалниот, кандидат потребно е да поседува соодветно образование од областа на ИТ технологиите, високо образование ќе се смета за предност.
 
 
Потребните компетенции и искуство вклучуваат:
  • +3 години работно искуство на иста или слична работна позција, искуство во производствена средина ќе се смета за предност
  • Искуство во работа со CISCO мрежна инфраструктура
  • Windows OS , Active Directory, Microsoft Exchange, MSQL, Symantec Endpoint Protection; BMC Client Management
  • NetApp , Storage Systems, Backup, VMware
  • End-user support - desktop hardware and software, VoIP, printers
  • Силни аналитички вештини и способности за детектирање и  решавање на проблеми
  • Само-мотивиран поединец со одлични комуникациски вештини и проактивен кон давање на  предлози за подобрување на ИТ процесите и ИТ инфраструктурата
  • Способност за работа со рокови под притисок
  • Тимски играч, проактивен, добро мотивиран со одлични комуникациски вештини
  • Задолжително познавање на Македонски и Англиски јазик, познавање на германски јазик ќе се смета за предност
 
КОСТАЛ Македонија нуди пријатна работна средина во брзорастечка компанија која се придржува до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики. Ако личниот развој, континуираното учење и можностите за напредување во кариерата се дел од атрибутите за работа што ги барате, тогаш КОСТАЛ сигурно е место за истражување и работа.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " ИТ Техничар / ИТ Инженер " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
Краен рок за пријавување: 20.09.2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде