Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Microsoft, Symantec, Veritas, Cisco, VMware, Corel, Autodesk, ArchiCAD, Citrix и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работната позиција:
Асистент-менаџер за продажба и маркетинг на производите, услугите и решенијата коишто ги нуди компанијата
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Висока стручна подготовка - диплома од Економски факултет Скопје (насоки Е-бизнис или маркетинг) или Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство.
- Возачка дозвола (Б категорија).
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен.
- Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
- Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност.
- Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
- Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
Smart Solutions
бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1
1000 Скопје
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk