ДУОПАК ГРОУП ДООЕЛ Скопје,
компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на амбалажа за еднократна употреба,
има потреба од следната работна позиција:
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
Потребни квалификации:
- ССС или ВСС;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на MS Office програмите и интернет;
- Возачка дозвола Б – категорија / активен возач;
- Постојано место на живеење во Скопје;
- Работно искуство на слична или иста позиција ќе се смета за предност.
Опис на работата:
- Изработка на фактури и пропратна документација;
- Усогласување на аналитички картици со коминтенти;
- Наплата на побарувања од купувачи;
- Евидентирање на влезна и излезна документација;
- Архивирање на документација;
- Комуникација со коминтенти и добавувачи.
Потребни вештини и способности:
- Динамична личност, насочена кон остварување на резултати;
- Одлични аналитички, комуникациски и организациски способности;
- Преземање на иницијатива, одговорна и вредна личност;
- Подготвеност за тимска работа;
- Професионално однесување;
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате горенаведените услови испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо преку полето "Брза Апликација" со задолжителна назнака “Оглас за вработување – административен работник” најдоцна до 24.09.2020 година.
НАПОМЕНА: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.