КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
- ЦНЦ техничарот/ Инженерот репортира до менаџерот за одржување;
- Врши изработка за барани дизајни;
- Сетира, одржува и ракува со ЦНЦ машините;
- Прави програми за ЦНЦ (машини за мелење и EDM) ;
- Работи во CAD програм и прави проверка на зададени параметри согласно барањата од производството.
- ССС или ВСС од Машинска струка;
- 3 годишно искуство во работа со ЦНЦ машини и машина за мелење EDM;
- Искуство во програмирање машини за ЦНЦ;
- Познавање на програми за контрола на ЦНЦ машини, ќе се смета за предност;
- Познавање во софтверот Catia 3D Design;
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.