Vrabotuvanje.com - Комерцијални претставници - Тетово и Струмица - Тетово и Струмица - АЛКАЛОИД АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијални претставници - Тетово и Струмица

Тетово и Струмица

Рок за пријавување:

  • АЛКАЛОИД АД

Зошто Алкалоид?
Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!  
 
Бараме ДВАЈЦА СТРУЧНО-КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРЕТСТАВНИЦИ за РЕГИОНИТЕ ТЕТОВО И СТРУМИЦА. Доколку сакате да бидете дел од тимот за промоции на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!
 
А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 
Како ќе ве препознаеме?
  • Имате завршено високо образование (магистер по фармација, стоматолог или доктор по медицина)
  • Имате искуство како стручно-комерцијален претставник (ќе се смета за предност)
  • Имате одлично развиени комуникациски и презентациски вештини
  • Поседувате возачка дозвола од Б-категорија и активно возите
  • Се одликувате со мобилност, студиозност, посветеност, трпеливост, со ориентираност кон детали, педантност, професионален однос, лојалност и со дискретност
  • Активно користите англиски јазик
Цели и одговорности на работното место:
  • Секојдневна посета и комуникација со партнерите, со цел остварување и унапредување на планираните продажби во соодветниот регион
  • Спроведување маркетинг-активности 
  • Учество на стручни собири и конгреси
  • Анализа на продажби
  • Следење и известување за активностите, одржување база на податоци и подготвување извештаи
  • Интерна комуникација со продуктните менаџери и екстерна комуникација со соработниците (фармацевтите) во соодветниот регион и 
  • Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности
 
Што нудиме?
  • Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
  • Компетитивни месечни приходи
  • Дополнителни бенефити за вработените
  • Дополнителни награди и придобивки во зависност од остварените цели
     
АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЕДЕН ОД СЛЕДНИТЕ НАЧИНИ:
 
  • со испраќање писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и од дипломи на електронската адреса: career@alkaloid.com.mk (големината на прикачените документи да не надминува 20 МВ) или
  • со пополнување на виртуелната апликација на https://career.alkaloid.com.mk (со назнака за која работна позиција аплицирате)
Oгласот ќе трае до 25.09.2020
 
Во процесот на селекција ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните услови. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ќе влезат во потесен избор.  
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде