Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 260 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.
Микросам има потреба од кандидати со секакво искуство од маркетинг. Компензацијата ќе зависи од искуството и релевантните познавања. Придружете и се на најиновативната Македонска компанија:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАРКЕТИНГ – 2 работни места
Основни одговорности и задачи:
- Планирање и извршување на маркетинг кампањи (веб, ПР, социјални медии, реклами, настани, саеми, директни патувања, и сл.)
- Организирање и присуство на годишни саеми, настани и конференции
- Одговорност за маркетинг содржини: веб, социјални медии, постери, каталози, брошури и сл.
- Комуникација со сите глобални претставници и партнери
- Истражување на пазар и следење на конкуренција
- Изработка на редовни и периодични извештаи за маркетинг резултати
- Сугестии за подобрувања, и други маркетинг активности по потреба
- ВСС од било која дисциплина
- Искуство со маркетинг 1-3 години
- Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
- Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
- Одлично познавање на Англиски јазик, особено пишување
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа и искуство со софтверски алатки
- Искуство со маркетинг кампањи и мерење резултати, 3+ години
- Интегрирање на маркетинг со продажба
- Аналитички и истражувачки способности
- Организација на настани
- Пишување на содржина за производи и решенија
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Конкурентна компензација
- Континуирана обука и професионално усовршување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Огласот трае до 25.10.2020
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.