За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 250 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
Специјалист за регрутирање - 1 работна позиција
Основни одговорности и задачи:
- Креирање и објавување огласи за вработување на разни портали
- Организација и имплеметација на процесот за регрутирање
- Соработка со менаџери за поставување критериуми за квалификација на кандидати
- Прегледување на апликации и резимина од кандидати за вработување и подготовка на првично селектирање до претпоставените
- Спроведување на првични интервјуа преку телефон со цел креирање на кратки листи на квалификувани кандидати
- Одржување на контакт со потенцијални кандидати во текот на целиот процес на вработување
- Ориентација на нововработени
- Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси
- Поддршка во односите со вработените
- Вмержување со потенцијални кандидати преку професионални групи на социјални медиуми и за време на настани
- Организирање присуство на Микросам на саеми/настани за вработување
- Активен контакт со универзитети со цел презентирање на Микросам пред нивните студенти
- Активно истражување и барање на алтернативни медиуми/настани за регрутирање
- Одржувајње база на податоци за потенцијални кандидати за идни работни места
- Универзитетска диплома во администрација, човечки ресурси, психологија или еквивалентна област
- 2-3 години работно искуство во административна средина и познавање на работа во областа на човечките ресурси
- Познавање на Англиски јазик, како и МS Office пакет
- Способност за планирање, приоретизирање и навремено извршување на задачите
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
- Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми
- Искуство во регрутирање и интервјуирање ќе се смета за предност.
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство
- Конкурентна компензација
- Организиран превоз и храна