За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 250 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
Електро инженер – 5 работни места
Основни одговорности и задачи:
- Проектирање на системи за автоматско управување на CNC машини
- Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
- Изработка на цртежи/електрични шеми
- Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија
- Завршен Електро факултет или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Конкурентна компензација
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна