Vrabotuvanje.com - Дигитален маркетер - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Дигитален маркетер

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението поддржува деца во ризик и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село огласува слободно работно место на определено време од 1 годинa со можност за продолжување на неопределено време за:

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

Опис на работата:

Работи кон успешно исполнување на стратешката мисија за добивање одржлив приход од канали на дигитални медиуми преку регрутирање и надградба на посветени донатори директно преку дигитални медиумски канали за да се обезбеди доволен приход и да се зајакне лојалноста на донаторите преку канали за дигитални медиуми за да се обезбеди одржлив приход од посветени донатори.
 
Клучни работни задачи и компетенции:

Управување со Веб-страна
како одговорно лице врши координација на активности на  веб-страна: 

  • Додавање на нови карактеристики / содржини.
  • Дефинирање на барањата, брифирање на веб-девелопери.
  • Тестирање и контрола на тековните активности.
  • Имплементирање на најдобри практики за користење на  веб-страна во контекст на онлине донирање (дизајн на веб-страна и функционалност).
  • Обезбедување униформност: еден глас / еден изглед  - координација на онлајн и офлајн маркетинг (веб дизајн, креативи за онлине кампањи).

Менаџирање дигитални (онлајн) кампањи за прибирање средства (inhouse)

  • Кo-креирање идеи/ концепти за кампањи и пораки во соработка со комуникациски експерт (разбирање на однесувањето и потребите на клиентите).
  • Поставување на онлајн кампањи – на социјални медиуми, за мобилни телефони, е-маил кампањи, поставување банери, пребарување со клучни зборови.
  • Креирање на landing pages и и креирање на формулари за донации преку Интернет.

Анализа на кампањи и веб-страна 

  • Поставување на софтвер за анализа, на пр. Google Analytics.
  • Анализа на податоци и мерење - дефинирање дигитални параметри за следење на успешност на камапњи (KPIs) (average conversion rate, average click through rate , PPC, ROI …). 
  • Анализирање на клучни податоци и носење заклучоци, документација и известување за успешност. 

Следење на конкуренцијата

  • Јасен преглед на конкурентските веб-страни, дигитални (онлајн) кампањи и активности на социјалните медиуми.

Задолжителни критериуми:

Експертиза во онлајн маркетинг, продажба или прибирање средства 

  • Докажано искуство од најмалку 3-5 години во дигитално (онлајн) прибирање средства или продажба преку Интернет. 
  • Универзитетска диплома во областа на маркетинг, продажба или прибирање средства. 
  • Способност за самостојно (In-house) организирање кампањи за прибирање средства преку интерент -  креирање и објавување реклами за кампањи, поставување на сите релевантни алатки за следење, самостојно континуирано следење и оптимизирање на дигиталните (онлајн) кампањи врз основа на анализа на податоци. 

Техничко знаење

  • Техничко познавање за брифирање на веб-девелоперите:
    - за дефинирање на барањата во врска со развој на веб-страна.
    - за алатките за дигитално (онлајн) прибирање средства - како  креирање на landing pages  и креирање на формулари за донации преку Интернет.
  • Разбирање на специфичните технички основи на Интернет,  познавање на HTML и PHP ќе се смета за силна предност.
  • Работно искуство со апликации како Adobe Photoshop Elements и Adobe Premiere Elements е силна предност.

Силен афинитет кон Интернет

  • Длабоко разбирање на апликации и дигиталнитa (онлајн) комуникација при користење на сите видови уреди (компјутери, смарт телефони и останато) за различни таргет групи со цел генерирање онлајн донации.

Пристап за прибирање средства 

  • Оптимизам, креативно и интердисциплинарно размислување во однос на индивидуално и корпоративно прибирање средства, познавање на процесот на следење на конкуренцијата, со став „никогаш не се откажувај“ и „пробај повторно“.

Ориентиран/а кон резултати / Анализа на кампања

  • Мотивираност за продажба и ориентираност кон резултати. 
  • Следењето, анализирањето и известувањето за кампањите. 
  • Изнаоѓање начини да се достигнат целите за остварување приход преку Интернет.

Дополнителни критериуми (вештини)

  • Искуство со gaming.
  • Вештини во онлајн уредништво.
  • Познавање на Веб-употребливост и Корисничко искуство (User Experience).
  • Познавање / обука за Adobe Photoshop & Premiere.

Работни услови

  • Работа на определено време во период од 1 година со можност за продолжување на неопределено.
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00ч.
 
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација, најдоцна до 16.11. 2020 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде