КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
- Креирање и објавување на огласи на портали за вработување и други социјални мрежи (Facebook, LinkedIn);
- Преселекција на потенцијални кандидати користејќи различни канали и извори за регрутација и селекција, креирање на ростери за регрутација, соработка со headhunting агенции;
- Учество на интервјуа заедно со претставник на секторот за чии потреби се врши регрутацијата;
- Вршење на воведниот тренинг (тренингот за насочување) за новите вработени;
- Организира и координира активности на тренинг и други методи за развој на вработените;
- Менаџмент на визи за службени патувања на вработените во странство, поврзани со обука и развој;
- Поддршка на вработени кои се странски државјани (обезбедување на сета потребна документација за престој, дозвола за работа, пријава/одјава во надлежните институции);
- Изготвување на различни видови на извештаи по барање на претпоставениот раководител;
- Работа на проекти од доменот на Секторот за човечки ресурси;
- Други работни задачи по налог на претпоставен раководител;
- ВСС од општествени науки (Психологија, Менаџмент за човечки ресурси, Право, Eкономија);
- Искуство од најмалку 2 години работно искуство во областа на менаџмент на човечки ресурси;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook);
- Пожелно искуство во производна средина;