Саник Инженеринг е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.
Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата.
Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
Саник Инженеринг има потреба од следната работна позиција
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
Потребни квалификации:
- Високо образование ВСП (Градежен факултет)
- Задолжително претходно работно искуство
- Искуство во водење на градби
Одговорности и задачи:
- Проектирање на станбени проекти
- Проектирање на индустриски објекти
- Изработка на комплетна техничка документација од фазата Градежни конструкции
- Детална разработка на пресметки, кофражни планови, арматурни детали
- Соработка со архитектонскиот тим и изнаоѓање решенија за конструктивните системи кои се предмет на обработка
Ние нудиме:
- Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
- Пријатна работна атмосфера
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.