КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Работни задачи и одговорности
- Обезбедување на стручна подготовка за решавање на проблемите со квалитетот во рамките на производството;
- Обезбедување информации дека призводот ги исполнува барањата од клиентот во секоја фаза од процесот на производство;
- Тестирање на производите и обезбедување информации за нивниот квалитет;
- Превземање на корективни активности за поправање на проблемите;
- Обезбедување информации од системот за управување на квлаитет.
- ССС – Техничко образование;
- 2 години работно искуство во производна средина;
- Познавање на стандардите за автомобилка индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001) ;
- Познавање на методите за QM SPC / MSA / 5why / 8D;
- Познавање на процесот за анализа на основната причина за дефектот и корективните мерки во целокупниот животен век на производот;
- Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail).