Vrabotuvanje.com - Администратор за SAP PM - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор за SAP PM

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок., обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Администратор за SAP PM  

 
Работни задачи и одговорности: 
  • Одржување и развој на SAP PM system  како и административни активности поврзани со развивање информации на SAP PM (превентивно одржување систем),
  • Ја одржува базата на податоци со документацијата, управува со релевантни информации во извештаите за одделот за KPI,
  • Помага во развојот и спроведувањето на политиките и процедурите за одржување, 
  • Следење и анализирање на бројките за перформансите на одржување,
  • Изготвување анализи и извештаи  за собрани податоци и одржување на документацијата,
  • Соработка со техничарите од одделот за одржување и подготвка на упатства за работа, (one-point lessons, PM procedures).
 
Образование, искуство, вештини 
  • ССС техничко образовани, ВСС Електро/Машинска струка ќе се смета за предност,
  • Најмалку 2 годишно работно искуство во производна средина,
  • Разбирање на процедурите за производство, одржување, администрација, квалитет, здравје, безбедност,
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности,
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавање на германски јазик ќе се смета за предност,
  • Знаењето во SAP системите ќе се земе како предност.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за “Администратор за SAP PM  ", преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 
Краен рок за пријавување: 19 Декември, 2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде