Vrabotuvanje.com - Бравар III група - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Бравар III група

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

 
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 3 (три) месеци, во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место бравар III група во Одделение за превентивно и тековно машинско одржување во Сектор за машински и градежни работи во Дирекција за одржување, во Скопје.
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно стручно образование – техничка насока;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;

Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 
 
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде