Vrabotuvanje.com - Аналитичар во Контрола на квалитет - Скопје - АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт с.Бунарџик Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Аналитичар во Контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт с.Бунарџик Илинден

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.
 

Аналитичар во Контрола на квалитет
 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија); 
  • Минимум 1 година соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа. 
  • Солидно познавање и работење во областа на инструментални анализи и сепаративни техники-хроматографија (HPLC, GC, GC-MS, LC-MS, ICP и сл.)
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите; 
  • Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.
 
Работни задачи:
  • Следење на системот за контрола на квалитет во аналитичка лабораторија преку имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници итн; 
  • Контрола и анализа на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, стабилност на фармацевтски производи/развојни серии, валидациони активности.
  • Солидно познавање на инструментални анализи, сепаративни техники-хроматографија и активно работење на припрема и анализа на примероци за тестирање согласно аналитичките методи и спецификации за квалитет.
  • Спроведување на валидација на аналитички методи, следење на валидациони протоколи, валидација на чистење, OOS и евалуација на резултати согласно GMP и ICH водичите.
  • Одговара непосредно на Директор на контрола на квалитет.
 

Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 05.01.2021

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде