Vrabotuvanje.com - Оператор на размерување - Скопје - АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт с.Бунарџик Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор на размерување

Скопје

Рок за пријавување:

  • АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт с.Бунарџик Илинден

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Оператор на размерување
 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
  • Стручна подготовска: ССС образование – Хемиски техничар, Фармaцевтски техничар
  • Број на извршители: 1
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност
 
Работни задачи:
  • Одржува хигиена на работниот простор пред почеток на производство и го заведува во листи за евиденција.
  • Ја проверува исправноста на комората за размерување пред почеток на работа и за секоја неисправност го известува непосредниот претпоставен.
  • Прави дневна калибрација на ваги и истото го евидентира во соодветни листи.
  • Врши мерење и размерување за определена серија на производ по налог за работа од непосреден претпоставен според упатствата од производниот протокол за соодветната серија според нормите на ДПП.
  • Евидентира во листите од производниот протокол.
  • Врши правилно и безбедно сместување и обележување на размерената количина на суровина во тек на работната смена.
  • Одговорен за чистење на просторот за размерување после секоја размерена серија.
  • Врши евиденција на чистењето во листите за контрола.
  • За секое отстапување од стандардната постапка во текот на работата дожен е да го прекине процесот на производство и да го извести непосредниот претпоставен.
  • Врши и други работни задачи по налог на непосреден претпоставен.
  • За својата работа одговара лично, но и пред непосреден раководител.
 
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:
  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 05.01.2021

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде