КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Администратор за SAP PM
- Одржување и развој на SAP PM system како и административни активности поврзани со развивање информации на SAP PM (превентивно одржување систем),
- Ја одржува базата на податоци со документацијата, управува со релевантни информации во извештаите за одделот за KPI,
- Помага во развојот и спроведувањето на политиките и процедурите за одржување,
- Следење и анализирање на бројките за перформансите на одржување,
- Изготвување анализи и извештаи за собрани податоци и одржување на документацијата,
- Соработка со техничарите од одделот за одржување и подготвка на упатства за работа, (one-point lessons, PM procedures).
- ССС техничко образовани, ВСС Електро/Машинска струка ќе се смета за предност,
- Најмалку 2 годишно работно искуство во производна средина,
- Разбирање на процедурите за производство, одржување, администрација, квалитет, здравје, безбедност,
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности,
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); познавање на германски јазик ќе се смета за предност,
- Знаењето во SAP системите ќе се земе како предност.