Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист за софтвер - Скопје - ХАЛК БАНКА АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

ИТ Специјалист за софтвер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ХАЛК БАНКА АД

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на 3 (три) извршители - нововработени на следните работни позиции:

ИТ Специјалист за софтвер (Референца Бр. 002/2021) 
во Дирекција за информациски средства и техничка поддршка

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 
  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
  • Искуство во развој на апликации користејќи .Net платформа, ASP.NET, ASP.NET  MVC и C#
  • Познавање на HTML, CSS, XML, Javascript
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database, Informix);
  • Основно познавање на оперативни системи(Windows OS);
  • Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување. 
 
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
  • Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите од системот за Пошта и негово целосно функционирање и интеграција со главниот банкарски систем и модулот за домашен платен промет;
  • Параметризирање и развој на апликативните модули на системот за Пошта и модулот за интеграција со системот за платен промет согласно потребите и производите на Банката;
  • Организирање и спроведување на поддршка  за корисниците во наведените модули и систем;
  • Анализирање на можностите за користење на модулите,  вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
  • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на модулите; 
  • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
  • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 16.01.2021 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно позицијата за кој што аплицирате, пример: Референца бр. 002/2021 - ИТ Специјалист за софтвер.
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година. 
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде