Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ОРБИКО ДОО
Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Реон: Територија на цела Македонија
Потребни квалификации:
Завршено минимум средно образование
Претходно работно искуство и познавање на производи кои се во категорија техника
Искуство со унапредување на продажба и проширување на продажна мрежа
Искуство во придобивање на нови клиенти и развивање на односите со постоечките клиенти
Возачка дозвола Б -категорија
Претходно искуство во комерција ќе се смета за предност
Кандидатот е пожелно да биде со место на живеење во Скопје
Личен профил:
Добри комуникациски вештини, самоиницијативност
Одлична услуга со клиенти, продажни способности
Добри организациски способности
Професионално однесување, флексибилност, тимска работа, и позитивен однос кон промени
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат со праќање на CV (биографија) на е-маил:info.mk@orbico.com со Предмет: Апликација за наведената позиција за која аплицираат.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!