Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ОФИС ПЛУС ДООЕЛ
Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема,
Има потреба да вработи:
Сега имате одлична можност да бидете
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СКОПЈЕ
Потребни квалификации:
Високо образование
Претходно работно искуство ќе се смета како предност но истото не е неопходно
Познавање на MS Office
Поседување на Б категорија
Добро познавање на Англиски јазик
Одговорности и задачи:
Планирање и организирање на продажни активности
Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
Проверка на декларации и редење на производи
Изработка на потребна документација
Одржување на хигиена во продажното место
Вештини и способности:
Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
Одговорна, мотивирана и стабилна личност
Способност за индивидуална и тимска работа
Вашата Професионална Биографија (CV) можете да ја доставите преку полето Брза Апликација.
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!