Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Саник Инженеринг ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Саник Инженеринг ДООЕЛ

Саник Инженеринг е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...           
                
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.     

Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. 

Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.

Во моментов имаме потреба од следната работна позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ
 

Потребни квалификации:

  • Економски Факултет, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
  • Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
  • Одлично познавање на Excel
  • Работно искуство со материјално и сметководствено работење и искуство со работа на сметководствениот програм PANTHEON ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик

Основни задачи и одговорности:

  • Водење на материјално и финансиско сметководство
  • Книжење на влезни и излезни фактури
  • Комуникација со клиенти во делот на финансиските прашања
  • Изработка на фактури за клиенти
  • Книжење на изводи

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа 
  • Посветеност за точноста

Ние нудиме:

  • Редовни месечни примања к-15 и бонуси
  • ​Пријатна работна атмосфера

 Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.​

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде