Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

16 години работиме со љубов и максимална посветеност. 16 години ги градиме Вашите домови од соништата.

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
 
  • Завршено содветно високо образование
  • Поседување на уверение за овластен сметководител
  • Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција со комплетно финансиско и материјално водење на сметководството (најмалку 3 години);
  • Високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способности;
  • Одлично познавање на MS Officе
 
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
 
  • Книжење на финансиско-материјални документи
  • Подготовка и пресметка на плати
  • Подготовка и поднесување на ДДВ пријави
  • Подготовка на завршна сметка согласни законските прописи
  • Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива
Плата по договор.
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
контакт тел: 072/251-255 ;  070/236-407

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде