Vrabotuvanje.com - Материјален сметководител и благајник - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Материјален сметководител и благајник

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

16 години работиме со љубов и максимална посветеност. 16 години ги градиме Вашите домови од соништата.

МАТЕРИЈАЛЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ И БЛАГАЈНИК

 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
 
  • Диплома за завршено средно или диплома за високо образование
  • Работно искуство  во сметководство
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office) и сметководствени апликации, како предност ќе се смета познавање на CFMA
 
ОДГОВОРЕН ЗА СЛЕДНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ:
 
  • Навремено и квалитетно примање и обработка на влезни документи во материјален софтвер
  • Обезбедува точност во известувањето за залихите на стоките и материјалите
  • Пресметка и распоредба на зависните трошоци при набавката
  • Организација и обработка на попис
  • Го води благајничкото работење и сите уплати и исплати ги книжи во книгата на благајната
  • Контрола и исплата на патни налози, исплата на аванс за службени патувања, исплата на сметки во готово за ситни набавки на материјали и сл.
Плата по договор.
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
контакт тел: 072/251-255 ;  070/236-407

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде