Специјалист за плата во човечки ресурси
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Оперира со HR програмата и се осигурува дека вработените ја почитуваат работната програма.
- Ги подготвува финансиските проценки.
- Ги известува сите вработени за начинот на кој ќе бидат префрлени платите.
- Обезбедува ефикасна комуникација со сите оддели во врска со пресметките на платите и другата документација.
- Ги запознава ново вработените со програмата за плати и другите документи од негова надлежност.
- Одговорен за платата и точноста на евиденцијата на платите и системот за евиденција на работно време вклучувајќи ги сите побарувања на крајот на годината и на месечно ниво.
- Одговорен за точна и навремена распределба на платен список.
- Одговорен за сите локални задолжителни пресметки на одбитоци, како што се социјалното осигурување, здравствено осигурување и даноците на приходи.
- Одговара на прашања од други оддели и надворешни контакти и решава побарувања направени од вработените во врска со работи за пресметување на плати.
- Ги пренесува ревизиите на време.
- Овозможува почитување на политиката за изработување на платите и надоместите.
- Ги подготвува даноците.
- Работи на одбитоците врз основа на правни документи, според законодавството.
- Ги проверува и регистрира документите за боледувања и други отсутва.
- Ги најавува и ескалира проблемите и грешките настанати од IT причини во пресметки на плата.
- Исполнува било каква задача зададена од директниот подреден, во врска со одговорностите кои ги носи работната позиција.
- Ја чува доверливоста на информациите, документите со кои работи како и лични информации со кои влегува во контакт.
- Ги почитува сите одредби од Колективниот договор, Правилникот за внатрешен ред, Етичкиот код и нормите за заштита при работи и сите законски одредби.
- Завршува и извршува други должности / задачи што може да бидат доделени.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование-економски факултет.
- 3-годишно претходно работно искуство.
- Англиски јазик.
- Комуникациски, аналитички, организациони вештини, објективност.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават
преку полето Брза Апликација.