Vrabotuvanje.com - Планер на продажба во сектор за логистика - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Планер на продажба во сектор за логистика

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Волксваген, Мерцедес, Порше, Тесла и други. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од: 
 
ПЛАНЕР НА ПРОДАЖБА во Сектор за логистика
 

Работни задачи и одговорности:

  • Координација на дневниот и неделниот план за продажба, како и долгорочното планирање и следење на побарувањата од клиените;
  • Непосредно соработува со одделот за планирање на производство, магацин и одделот за транспорт и царина;
  • Го подготвува и реализира  дневниот/неделниот  план за продажба, според побарувањата на клиентите;
  • Го следи реализирањето на планот за продажба, одржуваќи ги на оптималното ниво  залихите за готови производи во согласност со капацитетот на производната линија и планирање на продажбата;
  • Го подготвува транспортниот план за извоз и врши контрола на неговата реализација;
  • Го прегледува планот за производство, бара негово прилагодување во зависност од планот за продажба и врши контрола на реализацијата.

Потребно образование, работно искуство, вештини:

  • ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување;
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност.

Што обезбедуваме:

  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Планер на продажба " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
Краен рок за пријавување: 17/03/2021

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде