Работни задачи и одговорности:
- Координаторот за царина и транспорт дирекно рапортира до менаџерот за Логистика;
- Соработува со царинските власти и шпедитерските компании;
- Го координира транспортот, примањето на суровини и други производи;
- Ги контролира трошоците за транспорт;
- Обезбедува подобрување на транспортот и навремена испорака;
- Го координира целокупниот процес на испорака на готовите производи во соработка со менаџерот за логистика.
Образование, искуство, вештини:
- ВСС – Царина и Логистика
- 3+ годишно работно искуство во струката;
- Способност за воспоставување ефективни работни односи со внатрешни и надворешни клиенти и добавувачи;
- Познавање на кодови на Incoterms и тарифи;
- Познавање на закони и процеси поврзани со македонската царина;
- Искуство за работа со транспортни компании;
- Напредно познавање на англиски јазик (читање, пишување, говорење);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, Outlook);
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Координатор за царина и транспорт" преку полето Брза Апликација.