Vrabotuvanje.com - Софтвер инженер - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Софтвер инженер

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 260 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

СОФТВЕР ИНЖЕНЕР – 2 работни места

 

Основни одговорности и задачи:

  • Истражување на различни софтверски алатки
  • Развој и тестирање на научно истражувачки алгоритми (C++, C#, Matlab) 
  • Развој на софтверски систем за offline програмирање, управување и симулација на CNC роботизирани машини (MikroPlace , Winding Expert). Работа во C++ и QT околина.
  • Развој на софтверски систем за контрола на квалитет (QCS). Работа во C# и .NET околина и SQL Ser датабази (Microsoft SQL Server)

Квалификации и компетенции:

  • Завршен Факултет за информатика – програмирање или при крај со студии
  • Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Конкурентна компензација
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна
     
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација.
 
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
 
Рокот за пријавување е до 31.03.2021 година.
 
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде