Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
УНИ БАНКА
Одговорен за сигурност на информативен систем
Потребни квалификации:
Универзитетско образование (од областа на информатичките науки).
Релевантно работно искуство во областа на информативната сигурност.
Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност.
Познавање од различни оперативни системи, познавање на мрежа, дизајн и архитектура, ИТ системи и безбедност на мрежа/хардвер и софтвер.
Способност за анализа, дијагностика и знаење за решавање на проблемите поврзани со сигурноста на информативниот систем.
Одлични организациски и комуникациски способности.
Способност за тимска работа.
Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување.
Способност за извршување на обврските во кратки рокови.
Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
Одговорност и задачи:
Одговара за обезбедување на сигурноста на информативниот систем на Банката.
Предлага политики, стратегии, процедури и упатства со кои се постигнува сигурноста на информативниот систем.
Ги познава, разбира и почитува прописите и законите кои ја регулираат проблематиката од областа на ОСИС.
Врши анализа и проценка на ризиците на информативниот систем на Банката во согласност со процесот на информативна сигурност.
Креирање, имплементација и развој на целокупниот процес за информативна сигурност.
Координирање на сите сигурносни активности на системот на Банката.
Предлага програма за ревизии во поглед на сигурноста на информативниот систем на Банката.
Дава спецификација на сигурносните услови кои треба да се вметнат во договорите со трети лица во врска со сигурноста на информативниот систем на Банката.
Работи на подигање на свеста за сигурност на информативниот систем и организација на тренинзи и обука на вработените за сигурност.
Ја извршува својата работа во согласност со регулативата и меѓународните стандарди за сигурност на информативните системи.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 28.03.2021 година.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Банкарство изнесува 34.278 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!