Vrabotuvanje.com - Електромеханичар - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Електромеханичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Електромеханичар  –  1 извршител


Потребни квалификации:
  • Средно образование од техничките струки 
  • Работно искуство најмалку 2 (две) години како Електромеханичар;
Клучни одговорности и задачи:
  • Учествува во монтажа и одржување на сите средства со кои управува организационата единица Механизација и другите организациони единици на Друштвото  и тоа: асфалтни бази,  бетонски бази, дробилични постројки, од домашно и странско потекло, компресорски станици, кранови, горилници, стругови, машини за сечење и виткање лимови, апарати за заварување, генератори за производство на ел. енергија, калорифери и други машини и постројки на електричен погон;
  • Учествува во монтажа и се грижи за одржување на електричната инсталација во Механизација и нејзините  објекти на организационите единици и е одговорен за нивна исправно и континуирано работење;
  • Одговорен е за навремено и квалитетно извршување на работните задачи;
 
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување
  • Основна нето плата 16.100,00 денари
 
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748. И 071 227-218 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде