ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.
Потребни квалификации:
- Средно образование од техничките струки
- Познавање од механика и одржување на товарни возила
- Работно искуство најмалку 2 (две) години како Механичар на товарни возила
Клучни одговорности и задачи:
- Ги врши сите видови поправки ремонт на сите видовии градежни машини, уреди, постројки и транспортни средства
- Интервенира и врши поправки и отклонува дефекти на сите видови возила градежни машини и постројките;
- Одговара за навремено и квалитетно извршени поправки и ремонти на градежните машини, постројки и транспортни средства согласно дефекционите состојби на истите;
- Вади мотори, врши поправки и ремонт на долен строј, трансмисија и горен строј, кабина Шасија каросерија, киперски механизам со инсталација, хидраулика, нож на корпа како и поправки и ремонт на асфалтни бази, бетонски бази, дробалични и сепарациски и други статички постројки, уреди и врши други механичарски работи потребни за поправки, ремонти и одржување на истите;
- Одговорен е за навремено и квалитетно извршување на работните задачи;
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување
- Основна нето плата 16.100,00 денари
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748. И 071 227-218
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.